Голема екоакција за собирање текстилен отпад во општина Аеродром

Компанијата „Тексомак“ во соработка со Општина Аеродром организира екоакција за собирање текстилен отпад.

Првиот дел од оваа акција започнува утре, вторник, 8 април.

Контејнери, каде што граѓаните ќе можат да го оставаат текстилниот отпад, ќе бидат поставени на следниве локации:

– ООУ „Лазо Ангеловски“
– ЈДГОА „Срничка“ (главен објект)
– ООУ „Љубен Лапе“
– ЈУДГ „Буба Мара“ (главен објект)
– ООУ „Браќа Миладиновци“
– Зад „Капитол мол“(пред влезот на „Рамстор“)

Текстилниот отпад треба да биде добро спакуван во пластични ќеси со цел да се избегне негово оштетување.

Следниот чекор е едукација по училиштата и градинките што ќе се одвива во текот на наредниот период, а датумите ќе бидат дополнително објавени.

Слични