РК Е. Пелистер го совлада Охрид, Кузмановски одличен со 12 гола

Во второто коло од македонската ракометна Суперлига екипата на Еурофарм Пелистер славеше со 26:23 против ГРК Охрид во салата „Билјанини извори“.

Најефикасен во редовите на битолскиот тим беше Кузмановски со 12 голови, следен од Радивојевиќ со седум.

На спротивната страна Шафранко запиша седум погодоци, а по пет Јотиќ и Цирар.

На табелата по две одиграни кола во плеј-офот Еурофарм Пелистер е првопласиран со седум бодови, пред Вардар кој има шест, Алкалоид е трет со четири, Охрид на четвртата позиција со три, Тиквеш еден, а ниту еден бод шестопласираниот Бутел Скопје.

Во следното коло на 13 април Еурофарм Пелистер ќе игра против Алкакоид, додека Охрид истиот ден оди кај Вардар.

Слични