Уште една жртва од пожарот во Кочани, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
Почина уште еден пациент кој бил на лекување во Литванија, дознава Курир.
Тој им подлегнал на повредите здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16- март.
Повеќе детали наскоро се очекува да соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ им подлегна и Александар Карадакоски. Тој исто така се лекуваше во Литванија и беше најкритичен пациент.