Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема

Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема. А нема затоа што на последните избори народот кажа што мисли за капитулациите на Венко и Заев во спорот со Бугарија, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Венко Филипче.

„Во врска со обраќањето на Венко Филипче во Брисел од 8.4.2025, во кое се обидува да ја обвини Владата за наводно „самонаметнато вето“ и „откажување од евроинтеграциите“, ВМРО-ДПМНЕ смета дека јавноста заслужува одговор кој се темели на факти, вистински вредности и државничка одговорност.

Прво, апсурдно е токму СДС, партијата која капитулираше пред секој услов, која со бришење на македонскиот јазик од институционални формулации и која дозволи вметнување на билатерални прашања во европскиот процес, да зборува за европска стратегија и достоинство.

Ако денес сме заглавени во процесот, тоа е поради штетниот и непреговаран Договор од 2022 година, потпишан токму од СДС, без внатрешен консензус и спротивно на јавното мислење;

Уставните измени не се закочени од ВМРО-ДПМНЕ, туку од недовербата на народот во процес што СДС го водеше без транспарентност, без одговори и со тајни додатоци.

Денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на реформите, на владеењето на правото, на борбата против корупцијата – вистинските европски вредности.

Филипче зборува за „стратегија“, а токму неговата партија немаше стратегија за ништо: ниту за здравство во пандемија, ниту за енергетска криза, ниту за евроинтеграции. Затоа народот јасно ја казни на избори.

Исто така, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не одбива уставни измени, туку инсистира тие да бидат дел од поширок договор, постигнат низ демократски процес, со гаранции за идентитетот и со заштита на државните позиции – нешто што СДС апсолутно го погази“, потенцираат во соопштението.

„Затоа, наместо соучесникот во најголемите здравствени и политички неуспеси да зборува за „иднината на државата“, подобро е СДС да се соочи со минатото – и со последиците од сопственото безгрбно владеење.

Во оваа смисла, исто така, од сите луѓе, Венко Филипче, симболот на пропаднатото здравство и човекот чие име стои зад една од најголемите здравствени афери – последен има кредибилитет да зборува за „грижа“ и „реформи“.

Да не беше трагично, ќе беше смешно!

Да потсетиме:

– Човекот кој купуваше кинески вакцини преку фантом фирма во Хонг Конг со провизии од милиони евра, денес држи лекции за транспарентност и интегритет?
– Министерот под чиј мандат изгоре модуларната болница во Тетово, при што загинаа 14 лица, денес зборува за „одржлив развој“?
– Додека тие крадеа преку тендери, фабриките загадуваа, а граѓаните дишеа канцероген воздух.

Филипче, наместо говори, треба да поднесе извештај пред судот и пред граѓаните!“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични