Сараевско народно позориште на 21 и 22 мај гостува во МНТ со претставите „Сараевскиот трговец“ и „Селска опера“
Сараевското народно позориште на 21 и 22 мај, година, ќе гостува со две претстави во Македонскиот народен театар – „Сараевскиот трговец“ и „Селска опера“.
Како што соопштуваат од МНТ, на 21 мај во 20:00 часот, ќе се одигра првата претстава – „Сараевскиот трговец“ по текст на Игор Штикс, во режија на Михал Дочекал.
Во претставата играат Мона Муратовиќ, Мирвад Куриќ, Сањин Арнаутовиќ, Ведран Ѓекиќ, Амина Беговиќ, Фарук Хајдаревиќ, Нерман Махмутовиќ, Дино Бајровиќ, Ирфан Рибиќ, Сара Сексан, Белма Салкуниќ-Бектешевиќ, Милан Павловиќ, Ален Коњиција, Харис Биџан, Риад Љутовиќ и Амра Капиџиќ. Авторот на претставата, Игор Штикс, ги поставува прашањата: „Книга или живот?“, „Театар или живот?“
Тој истакнува дека „Сараевскиот трговец“ поминал долг и необичен пат од идеја до реализација.
-Поминаа повеќе од 17 години од попладневниот разговор со пријателите Шејла Камериќ, Јован Марјановиќ, Огњен Диздаревиќ и Емина Кујунџиќ за филмска адаптација на познатото спасување на сараевскиот Хагада од Земаљскиот музеј во јуни 1992 година. Фактот што добив покана да напишам драма за стогодишнината од основањето на Националниот театар, дополнително ја разгоре мојата имагинација. Така се роди ликот на Фридрих фон Дитрих – човек од Прага кој, непосредно пред Првата светска војна, доаѓа во Босна за да изгради Народно позориште во Сараево. Како Херцеговскиот Fitzcarraldo, кој сонува за опера среде Амазонија! А можеби токму тој, откако Лијешевиќ беше спречен да го режира овој текст, повика друг човек од Прага – овојпат од крв и месо – режисерот на оваа претстава, Михал Дочекал. Претставата е посветена на Јозеф Коен и на сите чувари и спасители на Хагадата, наведува Штикс.
Драматург е Џорџо Урсини Уршиќ Давид Марек – сценограф, Лејла Хоџиќ – костимограф, Мирза Реџепагиќ – композитор, Дино Хујиќ – видео дизајнер, Моамер Шаковиќ – дизајнер на светло, Бранко Векиќ – дизајнер на плакат, Велија Хасанбеговиќ – фотограф, Омар Шело – асистент сценограф, Ајла Бешиќ – асистент режисер, Мустафа Зрниќ – инспициент и Есмералда Абдијевиќ – суфлер.
На 22 мај во 20:00 часот, пак, ќе биде изведена претставата „Селска опера“, од авторот Д. Бенедек-П. Бела, во режија на Андраш Урбан, а драматург е Ведрана Божиновиќ.
Во претставата покрај актерите кои играат: Сањин Арнаутовиќ, Амра Капиџиќ, Алдин Омеровиќ, Санела Крсмановиќ-Бистривода, Сара Сексан, Ведрана Божиновиќ, Мирвад Куриќ, Санин Милавиќ и Мак Ченгиќ, е и музичкиот состав: Фауд Шетиќ – чембало, корепетитор и диригент, Амар Беширевиќ – виолина I, Ајнија Гермиќ – виолина II, Сара Касап – виолина III и Растко Зечевиќ – контрабас.
Една од најголемите маки во креативниот процес е да се напише режисерска белешка, вели режисерот на претставата.
-Од една страна, човекот мисли дека делата зборуваат самите за себе, а не она што е околу нив. Од друга страна, станува смешно и иритантно кога гледачите — а сега главно мислам на стручната публика — пишуваат свои мисли споредувајќи ги вашите зборови и изјави со она што го виделе. Тие две работи воопшто не се во такво сродство. Ако театарот нуди маркетиншки текст, можеби е подобро да се фокусирате на она што сте го виделе, а не дали и во која мера го наоѓате она што е напишано за претставите, наведува режисерот Урбан.
Посочува дека „Селска опера“, како музичко-сценско дело, е заснована врз унгарскиот мелос, со својствено самоуништувачко страдање над светот, кое во оваа претстава се трансформира во универзален фолклорен израз и етничко лудило. Сите стануваме Унгарци – се радуваме со плачење, тагуваме со смеење, вели Урбан.
Во авторскиот тим се потпишуваат: Кристијан Гергеје – кореограф, Адиса Ватреш-Селимовиќ – сценограф и костимограф, Лејла Јусиќ – музичка соработничка за подготовка на актерите, Моамер Шаковиќ – дизајнер на светло, Вранко Векиќ дизајнер на плакат и Велија Хасанбеговиќ – фотограф.
Билетите за двете претстави се достапни на билетарницата во МНТ и онлајн.