„300 евра за прегазен/повреден“: 4 „Kазни“ од биографијата на судијата кој „ОД РАКАВ“ истресе 2 години затвор за смртта на Теодора
Оффнет.мк ги интересираше да видaт што судел и како досега пресудувал за кривични дела поврзани со безбедноста на сообраќајот тетовскиот судија Евљедин Ферати кој деновиве донесе пресуда што ја скандализираше македонската јавност – две години затвор за Менсур Пајазити кој пред три години смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Со вакви судии, ич да не излегуваме од дома.
ОБВИНЕТИОТ: «А.Х.», од татко И. и мајка Р.е, роден на 18.05.1992
година, во Т., каде и живее на ул.106 бр.1 бр.12 со ЕМБГ:…, неосудуван, Албанец, државјанин на Република С.М.
Делото:
…со неприлагодена брзина неприспособено кон својствата и состојбите на патот… со возилото предизвикал сообраќајна незгода со тоа што со преден дел од возилото удрил во пешакот Р.Г. која го поминала булеварот на обележан пешачки премин од кој удар со телесни повреди се здобила пешакот Р. Г.
Ферати пресудил: 300 евра.
ОБВИНЕТИОТ: «А.Х.», од татко И. и мајка Р.е, роден на 18.05.1992
година, во Т., каде и живее на ул.106 бр.1 бр.12 со ЕМБГ:…, неосудуван, Албанец, државјанин на Република С.М.
Делото:
…со неприлагодена брзина неприспособено кон својствата и состојбите на патот… со возилото предизвикал сообраќајна незгода со тоа што со преден дел од возилото удрил во пешакот Р.Г. која го поминала булеварот на обележан пешачки премин од кој удар со телесни повреди се здобила пешакот Р. Г.
Ферати пресудил: 300 евра.
ОБВИНЕТИОТ:
«С.Д.», од татко Н.и мајка К., роден на 29.01.1980 година, во Скопје,
каде и живее во Ч.ул.. број , со ЕМБГ:…, Албанец, државјанин на
Република С.М.
Делото:
… со неприлагодена брзина предизвикал сообраќајна незгода и со преден дел од возилото удрил во заден дел од пмв “Ауди Q8“ со рег.бр.ТЕ-8888- ГИ управувано од Ц-В.. И од с.Камењане кој со возилото се движел испред него и го задржувало правецот на движење од кој удар со телесни повреди се здобил возачот од пмв “Ауди Q8“ во вид на состојба после нагмечување на меките ткива во пределот на главата потрес на мозок од лесен степен, сопатникот на пмв Ауди 8 А.И. се здобил со телесни повреди во вид на состојба после нагмечување на меките ткива во пределот на главата, десно колено како и потрес на мозок од лесен степен, додека сопатниците од пмв Голф се задобиле со телесни повреди и тоа Н.Д. во вид на состојба после нагмечување на меките ткива во предел на десната и левата подлактица, Р.Н. во вид на состојба после нагмечување на меките ткива во пределот на главата комоционален синдром крвен подлив во предел на челото.
Ферати пресудил: 300 евра. (возилото чини околу 150.000 евра основна верзија)
ОБВИНЕТИОТ:
Н.К. од татко А. и мајка З., роден на 12.09.1968 година во с.Ѓ., а со
место на живење на ул..бр..во Т., Албанец, државјанин на Република Севрна Македонија, со ЕМБГ: ….
Делото:
…со преден челен дел од возилото удрил во бочниот заден дел на пмв “Голф“ од кој удар со телесни повреди се здобил сопатникот на пмв “Голф“ оштетената Н. К. од Т., во вид на нагмечување на меките на ткива во предел на главата.
Ферати пресудил: 300 евра.
ЛИНК ДО ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ НА ОФФНЕТ.МК
Последниот случај со смртно прегазената Теодора.
ДЕЛО: На пешачки ПРЕГАЗИЛ/убил 22-годишна девојка
Ферати пресуди: 2 години затвор.