Трамп: Ова е одлично време својот бизнис да го преселите во САД, затоа побрзајте!

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше набргу откако Кина објави дека утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД.

„Ова е одлично време да го преместите вашиот бизнис во Соединетите Американски Држави, како што тоа го прават Apple и многу други, во рекорден број. Нула тарифи и моментални електрични/енергетски врски и одобренија. Без одложувања. Не чекајте, напрaвете го веднаш“, напиша Трамп на Truth Social.

За потсетување, Кина најави дека од утре ќе ги оданочува американските стоки со стапка од 84 отсто, што претставува зголемување за 50 отсто во однос на претходните кинески царини.

Одлуката доаѓа откако Америка воведе дополнителни 50 отсто царини за кинески стоки претходно оваа недела. Ова уследи по две претходни мерки од 34 проценти и 20 проценти, така што вкупната американска царина за кинескиот извоз од утринава изнесува 104 проценти.

Трамп постојано изјави дека сака да го врати производството во САД.

Слични