Алкарас го освои поенот на година, па го разнесе Алтмајер во Монте Карло (ВИДЕО)

Карлос Алкарас продолжи во брутално темпо какво што наметна вчера во завршните два сета од пресметката со Серундоло, па денеска без проблеми се справи со Даниел Алтмајер.

Германецот брзо се увери дека Шпанецот е неизмерно расположен за игра и мораше да гледа како противникот освојува неверојатен поен, а тоа најверојатно беше и најава за тоа што следеше во продолжение.

Алкарас според многумина го освои поенот на годината на земјена подлога уште во месец април, размена која очигледно му донесе само дополнителна самодвоверба во мечот кој беше целосно едностран.

Шпанскиот тенисер славеше со 6:3 и 6:1 и се пласираше во четвртфиналето во Монте Карло, каде противник ќе му биде Артур Фис.

Французинот уште еднаш покажа дека е многу добар на земјена подлога, па така денеска уверливо славеше над Андреј Рубљов со 6:2 и 6:3.

Слични