Ристески: Ме касна куче, но не земав оштета
Изминатиов период на еден поткаст, а потоа и на нивниот интернет портал беа искажани и објавени информации дека сум добил 100.000 денари од Општина Прилеп бидејќи сум бил каснат од куче. Точно е дека мината година бев нападнат од куче и каснат, но веста дека сум добил оштета и имало пресуда е целосно лажна. Ако најдат еден денар дека сум примил по овој основ, спремен сум средствата да им ги поклонам. Борбата против лажните вести е наша заедничка одговорност! Се вели во Фејсбук статусот на заменик министерот за економија, Марјан Ристески.