Предлог Законот за судска служба е подготвен и објавен на ЕНЕР, до јуни 2025 година треба да се донесе
Министерството за правда пристапи кон изготвување на овој закон во кој се инкорпорирани препораките од повеќе домашни и меѓународни извештаи и документи кои се однесуваат на потребата за унапредување на статусот на судската служба , содржани во Стратегијата за човечки ресурси во судска служба и препораките од Реформската агенда.
Со цел да се обезбеди независност на судството, Предлог законот предвидува изземање на судските од административните службеници регулирајќи ги правата и статусот на вработените во судската служба.
Се воспоставува систем за управување со ефектот на судските службеници, работните цели и задачи, утврдување на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на судскиот службеник.
Се интервенира во одредбите за висината на платата со цел привлекување, задржување и мотивирање на вработените; регрутирање на висококвалитетни кандидати на соодветни работни места и вршење на избор со помош на ефикасни и транспарентни алатки.
Оваа реформа е од клучно значење за мотивирање на вработените кои треба да бидат посветени во давањето на висококвалитетни јавни услуги.
Со ова законско решение се излегува во пресрет на синдикатите и нивните долгогодишни барања.
Сите заинтересирани имаат можност да дадат свои коментари, предлози и сугестии на Предлог законот за судска служба кој според реформската агенда треба да се донесе до јуни 2025 година.