Тројца пешаци тешко повредени во одвоени сообраќајки, во едниот случај возачот избегал

Две жени и помлад маж вчера се здобиле со тешки повреди во три одвоени сообраќајни несреќи, откако како пешаци биле удрени од возила.

-Во 14.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата со ул.„Никола Петров“ и ул.„Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.У.(24) од с.Пепелиште, неготинско, удрило во пешакот М.И.(76) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И., констатирани во Општата болница Кавадарци.

-Во 20.15 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ресавска“, ул.„Јован Планински“ и ул.„Ѓорѓи Сугаре“ во Кавадарци, патничко возило удрило во пешакот Х.И.(33) од Кавадарци, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.И., констатирани во Општата болница Кавадарци.

-Во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Владимир Комаров“ и ул.„Бојмија“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната С.А. од Скопје, удрило во пешакот Е.Р.(33) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Во сите случаи полициски екипи извршиле увид на местото на несреќите.

Слични