Трудовата инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“ во Струга

Трудовата инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“, која ја користат дел од учениците на истоименото училиште, но и спортски клубови од Струга, поради опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените, соопшти за МИА Државниот инспекторат за труд.

 

Според информацијата, по допрен глас, државен инспектор за труд од Одделение за безбедност и здравје при работа од тој регион, на 4. овој месец извршил вонреден инспециски надзор во објектот.

 

 

 

 

 

За неправилностите, кои се утврдени на записник, а за кои се надлежни други инспекциски служби, инспекторот за труд согласно членот 79 став 4 од Законот за инспекциски надзор ги известил надлежните органи: Државен просветен инспекторат, Опшината Струга, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи.

 

За состојбата со спортската сала алармираа стружани на социјалните мрежи со информации дека објектот со години прокиснува.

Спорно, според граѓаните, е што официјално не се знае кој е сопственик на салата. За часовите по физичка култура ја користат дел од учениците на средното училиште „Нико Нестор“, а спортските клубови членарина плаќале на Сојузот на спортски федерации на Македонија..

Учениците кои ја користеле салата велат дека се плашеле за сопствената безбедност, но, според некои од нив како што рекоа, не било толку страшно, не била најдобра ниту толку лоша.

Слични