Пронајден е исчезнатиот Диме од неготинско Тремник

Исчезнатото лице Диме Стојамиров (22) е пронајден здрав и жив, благодарение на ОВР Неготино и соселаните кои неуморно со часови до овој момент трагаа по исчезнатото лице, известија попладнево од Фејсбук профилот посветен на неготинското село Тремник.

Момчето кое има здравствена попреченост беше исчезнато од вчера, околу 14 часот, а по него се одвиваше интензивна потрага.

-Диме е пронајден во добра состојба, во Дисан. Ни јавија луѓе од таму, сега веќе е на пат кон дома, секој момент треба да го донесат. Не знаеме каде ја поминал ноќта и што се случило, најважно е дека настанот заврши добро. Штом го донесат дома, ќе имаме повеќе детали. Изразуваме благодарност на полицијата, на сите жители кои доброволно го бараа, на сите луѓе кои ја споделија неговата фотографија, за ,,Фокус” изјави Симе, чичко на момчето.

Слични