Хегсет: Критичарите се незадоволни од темпото на промени во Пентагон

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека неговите критичари се луѓе кои се незадоволни со темпото на промени во Пентагон.

Тој тврди дека преку мрежата Сигнал не биле праќани пораки за „воените планови“ туку неформални и недоверливи информации. Хегсет наведе дека е поведена „сериозна истрага за протекување на информации“.

– Претседателот Трамп ми нареди секој ден да го враќам борбениот пристап во Пентагон. Тоа е наш приоритет и ако некому не одговара нека го сведе на лично ниво. Ниту сум отстапил, ниту ќе отстапам, бидејќи оваа работа е премногу значајна и обемна, посочи Хегсет.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера застана во одбрана на Хегсет, наведувајќи оти тој одлично си ја врши работата.

Неколку конгресмени го повикаа Хегсет да поднесе оставка по веста, која се појави во магазинот Атлантик во март, дека тој открил чувствителни воени информации за претстојниот напад врз Хутите во Јемен во два приватни разговори на апликацијата за пораки Сигнал. Њујорк тајмс пред два дена објави еден од тие разговори, во кој пораките биле пратени и до сопругата и братот на Хегсет.

Слични