Нова урбана слика за Ѓорче Петров: Асфалтирани две улици
Во рамки на новиот бран на урбан развој, целосно нов лик добија уште две улици во урбаното Ѓорче Петров. Улица „Вера Циривири“ и ул. „Никола Вукмировиќ“ со вкупна површина од 3.020 м², објави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
-Вкупна вредност на инвестицијата е 3.135.000 денари, потенцира Стојкоски во објавата на својот фејсбук профил.
„Двете улици ја поврзуваат ул. 4-ти Јули со бул. Ѓорче Петров, отворајќи нова сообраќајна комуникација и овозможувајќи поголема безбедност за жителите на овој дел од општината.
Проектите се реализирани со средства од Владата на Република Македонија, за што изразуваме искрена благодарност. Ова е уште еден доказ дека кога институциите соработуваат – резултатите ги чувствуваат граѓаните“, соопшти градоначалникот на општината.
Работиме со јасна визија и конкретни резултати:
-Урбана инфраструктура за сите
-Поврзани улици – поврзани луѓе
-Ѓорче Петров како вистинско место за живеење
-Ѓорче Петров го градиме со дело, не со зборови, додава Стојкоски во објавата.