ОН: Гладот во Појасот Газа ​​намерно се шири и се влошува

Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини денеска го осуди „намерното влошување на состојбата со гладот“ во Појасот Газа, по 50-дневната блокада на израелската помош на палестинската територија зафатена од војна.

„Газа стана земја на очајот. Гладот ​​се шири и се влошува, намерно, а тоа е резултат на човечка рака“, рече претставникот на УНРВА.

По 18 месеци војна и израелска блокада на хуманитарна помош од 2 март, Обединетите нации предупредија на тешка хуманитарна ситуација за 2,4 милиони луѓе кои живеат во Појасот Газа.

Израел го обвинува Хамас за пренасочување на помошта, што палестинското исламистичко движење кое ја контролира Газа го негира.

Слични