Политички лупинзи: Филипче бара „обединување“ за ЕУ, а всушност е единствен кој ги „турка“ Уставните измени
Губитникот има право да се лути, но не и да дава „апла“ губитнички предлози за патот и насоките во кои треба да се движи државата.
Венко Филипче, претседател на СДСМ, на собранискиот Националниот совет за евроинтеграции по сите поделби и серија идентитетстки пазари кои минатите седум години ги направи неговата партија, денеска побара „обединување за ЕУ“. Кога пред 4 години граѓаните, опозицијата и целата јавност бараа да се обединиме и да не го потпишуваат небулозниот Француски (читај бугарски) предлог, тие не мислеа така. Не разбираа ниту дека со тоа ќе го блокираат евроинтеграцискиот пат на Македонија, која додека беа на власт секогаш ја наеркуваа со она на „С“. Затоа што беа на власт. Сега, сакат да се вратат, па тоа на „С“ волшебно исчезна од вокабуларот на челниците од Бихаќка. И затоа, сега од позиција на опозиција, им текна на обединување? И покрај тоа, немаат абер од слушање на гласот на народто и неговите потреби.
-Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно ги обединуваме сите капацитети и нема пречка што не можеме да ја совладаме, оцени денеска Венко Филипче на дебатата на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027.
Партијата со веќе мизерни 17 пратеници, која го протурка овој „француски“ предлог и не го уважи гласот на народот, кој и тогаш како и сега е над 80 насто против внесување на Бугарите во Уставот без никакви гаранции на ЕУ, сега бара некаво си обединување. Дали тоа значи дека Венко бара мнозинството да се „обедини“ околу наметнатиот, билатерален услов од Софија?
Веднаш по „реизборот“ (РЕЗИЛборот) за прв човек на СДСМ, на кој Венко го победи Филипче, единствениот кандидат за лидер на СДСМ, тој замина на дебата за ЕУ во Брисел и ја искодоши власта на ВМРО-ДПМНЕ дека е непослушна и оти не го прифаќа наметнатиот внос на Бугари во Уставот, ни на еден момент не застапувајќи ги македонските позиции. Во стил на неговите претходници, Ковачевски, Заев… Истиот ден излезе анкета на „Детектор“ дека 82 проценти од Македонците се против тој чекор.
Филипче на Националниот совет заборави да појасни дали има златна виза и дали гради облакодери во Дубаи со менторот Заев. Јавноста остана покуса за оваа информација…