Силен земјотрес регистриран во близина на Индонезија
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на Индонезија.
Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од 117 километри во близина на индонезиските острови Талауд. По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.