Виткоф оваа недела ќе ја посети Москва

Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, потврди дека специјалниот пратеник на Белата куќа Стив Виткоф оваа недела ќе ја посети Москва, објавија руските медиуми.

На прашањето дали знае за претстојната посета на американскиот пратеник на Русија оваа недела, Ушаков само одговори „Да“.

Досега Виткоф одржа три долги средби со рускиот претседател Владимир Путин, на кои беа разгледани опциите за ставање крај на војната во Украина.

Слични