Килијан Мбапе го пропушта финалето од Купот на Кралот против Барсселона
Поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, Килијан Мбапе ќе го пропушти натпреварот од 33.коло во Примера на Хетафе оваа среда, а моментално е под знак прашалник за саботното финале во Копа дел реј против Барселона.
„Мбапе се повреди на натпреварот против Арсенал. Оттогаш е на терапија и сигурно нема да игра во среда. Правиме сѐ што можеме за да биде подготвен за финалето од Купот на кралот против Барселона”, објави тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти.
Севиља во сабота ќе биде домаќин на финалниот натпревар од Копа дел реј. Натпреварот започнува во 22 часот, а доколку Мбапе не биде целосно фит, тоа секако ќе биде голем минус за мадриѓаните. Оваа сезона во Ла Лига, Мбапе постигна 22 гола и е втор стрелец во лигата.
Пред него е само центарфорот на Барселона, Роберт Левнадовски со 25 гола, чиј настап во финалето исто така е неизвесен поради повредата на препоните во саботниот дуел со Селта, кој Каталонците по голем пресврт во судиското продолжение го добија со 4:3.
Поради претходен црвен картон, Мбапе го пропушти последниот натпревар на Реал Мадрид, победата од 1:0 против Атлетик Билбао, постигната со голот на Валверде во судиското надополнување.