Лејкерс израмни против Минесота, Индијана и Оклахома веќе имаат 2-0

Лос Анџелес Лејкерс изедначија на 1:1 во серијата против Минесота, додека Оклахома и Индијана запишаа нови победи и поведоа со 2-0.

Лејкерси предводени о феноменалниот Лука Дончиќ победија со 94-85.

Лука Дончиќ беше на чекор од трипл-дабл, постигнувајќи 31 поен, 12 скокови и 9 асистенции, додека Леброн Џејмс додаде 21 поен, 11 скокови и 7 асистенции.

На другата страна кај Минесота најдобар со 27 поени беше Џулијус Рендл, додека Антени Едвардс застана на 25 поени и тоа не беше доволно.

Индијана го совлада Милвоки со 123-115. Најефикасни во редовите на Пејсерс беа Сијакам со 24 поени и Халибертон со 21 поен, кои го предводеа тимот до важна победа.

Не помогна за Милвоки ниту одличниот Адетокумбо кој натпреварот го заврши со  34 поени, 18 скокови и 7 асистенции, а го следеше Портис со 28 поени и 12 скокови. Во преостанатиот натпревар Оклахома беше подобра од Мемфис со 118-99.

Слични