Познат идентитетот на повредените во сообраќајката на патот Македонска Каменица-Делчево

На 22.04.2025 во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица-Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.А.(43) од Македонска Каменица и патничко возило „рено меган“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ц.(62) од Делчево, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ц., а со телесни повреди се здобил С.А., констатирани во Клиничка болница Штип. Исто така, со повреди се здобил неговиот сопатник З.В.(44) од Македонска Каменица, кој бил пренесен во здравствена установа во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

 

 

Слични