Трајановски, Димитриевски и Петрушевски на увид во градежните активности на регионалниот пат Куманово транзит

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и пратеникот Бране Петрушевски, денеска ќе извршат увид во градежните активности на регионланиот пат Р1104 Куманово транзит (улица „Никола Тесла“).

Како што информираат од Јавно претпријатие за државни патишта, средствата за рехабилитација на регионалните патни правци во Единиците на локалната самоуправа се издвојуваат од буџетот на ЈПДП, а активностите се изведуваат преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат). 

Слични