Почна повторното судење против поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин

Во судот во Менхетен денеска почнува повторното судење на поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин за обвиненијата за силување и сексуален напад, една година откако Апелациски суд во сојузната држава Њујорк ја поништи пресудата.

Вајнстин се соочува со една точка за силување и две точки од обвинението за криминална сексуална активност. Тој не призна вина и негира какво било сексуално злоупотребување.

Вајнстин во 2020 година беше осуден за силување и сексуален напад на 23 години затвор. Новото судење се очекува да трае околу шест недели. Апелацискиот суд на Њујорк во април 2024 година ја поништи пресудата у наложи ново судење, бидејќи утврди дека жените кои го обвинувале Вајнстин за нападите не биле дел од обвинението, а не смееле ниту да сведочат.

Новото судење се очекува да трае околу шест недели. Вајнстин сега се обвинува за сексуален напад врз неговата поранешна асистентка Миријам Хејли во 2006 година и за силување на актерката Џесика Ман во 2013 година, за што беше осуден и на првото судење. Против него сега има и ново обвинение за напад врз жена во 2006 година, но идентитетот на жената не е познат.

За време на првото судење, обвинителите го претставија Вајнстин како „сериски предатор“, кој манипулирал со жените со ветувања за напредување во кариерата, им нудел хотелски соби или приватни апартмани, а потоа ги малтретирал.

Вајнстин најверојатно ќе остане во затвор до крајот на својот живот, дури и ако биде ослободен на повторното судење во Њујорк, бидејќи веќе е осуден на 16 години за силување во Калифорнија, каде што сè уште не почнал да ја отслужува казната и остана во притвор во Њујорк откако му беше поништена пресудата. Тој во септември минатата година беше префрлен во болница каде му беше извршена операција на срце.

Над сто жени, меѓу кои и познати актерки го обвинија Вајнстин за злоупотребување. Процесот против него и пресудата беа клучен момент за Движењето „#МиТу“ (#MeToo), кое ги охрабри жените да ги обвинат моќните мажи во медиумите, политиката и другите сфери.

Вајнстин ги негираше обвиненијата и тврди дека сите сексуални односи биле со согласност.

Слични