Песков: Виткоф ја пренесе пораката од Трамп и замина со одговор од Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека претседателите на Русија и на САД разменуваат пораки преку специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф.

– Виткоф денеска пристигна во Москва со порака од Трамп за Путин и заминува со одговор. Оваа е шатл-дипломатија. Тоа се услугите на посредување што ги пружа САД, посочи Песков.

Претходно, помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, кој присуствуваше на состанокот, истакна дека средбата била конструктивна.

Тој наведе дека на средбата било разговарано и за можноста за директни преговори помеѓу Русија и Украина. Москва и Киев не одржале директни разговори уште од првите недели од војната, што почна во февруари 2022 година.

Ушаков истакна дека разговорите ги приближиле ставовите на Русија и САД не само за Украина, туку и по други теми. Тој додаде дека продуктивниот дијалог меѓу Москва и Вашингтон ќе продолжи на различни нивоа.

Денешната средба помеѓу Путин и Виткоф е втора во изминатите две недели, а четврта од почетокот на годината. Последната средба беше во Санкт Петербург на 11 април и траеше еден час подолго од денешната средба во Москва односно четири часа.

Слични