Почина повредениот во престрелката кај Бит пазар
Почина повредениот во престрелката што попладнево се случи во близина на полициската станица на Бит-пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
-Повредениот А.С. (31) им подлегна на повредите, соопштија од МВР.
Како што претходно информираа од полицијата, денеска околу 14 часот на улицата „Војдан Чернодрински“ на Бит-пазар се случило пукање од огнено оружје.
– Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа претходно од МВР.