Полициски марш за тимски дух и заедништво со заедницата
Маршот, на кој што учествуваше и првиот човек на Бирото за јавна безбедност, директорот Александар Јанев, раководството на СВР Велес како и околу 200 службеници од СВР Велес, се одвиваше по однапред определена рута во должина од околу 11 км од селото Еловец до манастирот Свети Илија, во близина на селото Лисиче, воедно симболизирајќи ја врската помеѓу полицијата и заедницата на којашто полицијата секојдневни и служи.
Мотивот е преку ваквите активности коишто ќе бидат во континуитет спроведувани на подрачјата на сите Сектори за внатрешни работи да се нагласи и поттикне важноста кон здравиот животен стил, кон редовната физичка активност и психолошката стабилност – вредности што се клучни за успешното извршување на полициската служба. Министерството за внатрешни работи преку Бирото за Јавна безбедност ќе продолжи со поддршка и организација на слични настани, со уверување дека вложувањето во здравјето и добросостојбата, во тимскиот дух на полициските службеници претставува инвестиција во безбедноста на сите граѓани.