Двајца со мотор пристигнале кај Бит пазар и почнале да пукаат,полицијата трага по напаѓачите

Телото на загинатиот во вчерашната престрелка на Бит пазар е предадено на обдукција. Од лице место се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење.

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека е извршен увид на местото на вчерашната вооружена престрелка.

Од МВР, пак, појаснуваат дека две лица на мотор почнале да пукаат кон 31-годишниот Алајдин Сулејмани среде бел ден кај Бит пазар.

По напаѓачите сега трага полицијата. Сулејмани беше пренесен на Ургентниот центар, каде подоцна им подлегна на повредите.

Жртвата е син на Назми Сулејмани – Аруша, поранешен командант на ОНА од Арачиново.

На местото на настанот се најдени повеќе чаури, а оштетени се неколку стакла од околните продавници, како и неколку паркирани возила.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Слични