Њукасл со интерес за Маркус Рашфорд
Астон Вила има можност да го откупи неговиот договор, меѓутоа засега нема таква одлука што остава простор за шпекулации за иднината на англискиот репрезентативец.
Иако тој официјално е врзан со Јунајтед до 2028 година, навистина е нереално да се види да се врати во клубот особено ако се знае дека таму сигурно ќе биде Рубен Аморим.
Иан Рајт како познавач на состојбите во англискиот фудбал има идеален тим за напаѓачот кој ако се оствари ова сценарио не би морал да ја напушти татковината.
-Тоа е тип на потпис што Њукасл треба да го направи. Тоа би било неверојатно. Тоа би било опасно. Рашфорд во Њукасл? Да. Тоа би било навистина добро. Навистина ми се допаѓа тоа за Рашфорд. Рашфорд во Њукасл може да биде опасен, -вели Рајт кој смета дека Маркус не се враќа на „Олд Трафорд“.