Сеќавање: Една година од смртта на Џаро
Една година од смртта на Велибор Џаровски – Џаро. На 25 април минатата година, на 75-годишна возраст почина еден од најпознатите менаџери од поранешна Југославија. Џаровски како менаџер соработуваше со најголемите естрадни ѕвезди, организирајќи бројни концерти и турнеи во кариерата долга над три децении.
Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.
Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи. Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.
Џаровски остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.
Неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска, ја напиша книгата „Џаро – живот на коцка“, посветена на животот на нејзиниот татко…