ВМРО-ДПМНЕ: Македонските државјани ќе патуваат без виза во ОАЕ, една од првите придобивки од посетата на владината делегација во ОАЕ
Овој дипломатски исчекор е директен резултат на активната иницијатива на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и е јасен сигнал дека Македонија се позиционира како отворена и подготвена за нови партнерства, особено надвор од традиционалните сојузи.
ОАЕ е еден од најбрзо растечките економски центри во светот, со силно присуство во енергетика, инфраструктура и финансиски пазар.
Со воспоставувањето на безвизно патување, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што го олеснува движењето на граѓаните туку им ги отвара вратите на младите претприемачи, студенти, професионалци и инвеститори кои сакаат да ја прошират својата перспектива и надвор од границите на Европа.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека е насочена кон конкретни резултати и дека активно го гради меѓународниот имиџ на државата преку практична економска дипломатија, стои во соопштението на партијата.