Времен режим на сообраќај на патот кон селото Буково

Од понеделник ќе има времен режим на сообраќај на патот кон битолското село Буково, поради негово проширување.

Патот е со ширина од 3,5 метри и локалното население, кое секојдневно го користи, постојано укажува на проблемот со безбедното одвивање на сообраќајот.

Од Општина Битола информираат дека проширувањето ќе биде со по еден метар од двете страни, по што патот во должина од 600 метри ќе биде со широчина од 5,5 метри.

За од двете страни на коловозот (до асфалтниот дел) е предвидена изработка на банкини со ширина од по 75 сантиметри од секоја страна.

Вака прифатената атмосферска вода, преку каналетите во банкините, предвидено е да се спроведува во префабрикувани бетонски риголи со димензии 50/40 х 50 сантиметри поставени од двете страни на патот.

Работните активности на терен се веќе започнати, а рокот на изведба е 90 дена.

Слични