Пандев: Беше забавно на теренот со златната бугарска генерација

Македонската фудбалска звезда Горан Пандев не го криеше задоволството од идејата да се одигра овој меч и гостопримството на домаќинот.

„Сакам од името на Македонија, од името на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија да ви се заблагодарам. Прво на најголемиот, Христо Стоичков, па на сите останати за прекрасната организација. За нас беше чест да играме со најдобрата генерација на бугарскиот фудбал. Се надевам дека ќе ни бидете гости во Македонија, да можеме да се оддолжиме. Се забавувавме, игравме како браќа и беше одлично искуство за сите нас.

Ни се случи голема трагедија, никогаш повеќе тоа да не се повтори. Со оваа иницијатива сакаме да помогнеме, затоа што спортот е најголем амбасадор“, заврши Пандев.

Резултатот на овој натпревар секако беше во втор план. Оваа средба покажа дека спортот уште еднаш ги обедини ѕвездите од Бугарија и Македонија за да помогнат по оваа трагедија.

Слични