Фенербахче се чекираше на Ф4, Реал Мадрид намали на 2-1 против Олимпијакос

Кошаркарите на Реал Мадрид на домашен терен го совладаа Олимпијакос со 80:72 во третиот натпревар од плеј-офот во Евролигата.

Шпанскиот клуб намали на 2:1 во серијата, а четвртиот меч ќе се игра во четврток во Мадрид.

Беше тесно до самиот крај на натпреварот, но мадридскиот тим успеа со својата одбрана во второто полувреме да ја обезбеди својата прва победа.

Најефикасен играч за Реал беше Таварес со 15 поени, додека Везенков се истакна со 21 на спротивната страна за грчкиот тим.

Прв учесник на Ф4 турнирот во Евролигата е Фенербахче кој со 3:0 го елиминираше Париз.

Слични