Малолетничка со тротинет тешко повредена во сообраќајка

На 29.04.2025 во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со ул.„Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Слични