Никогаш не го виделе ниту направиле муабет со него, а го тужат за измама: Случајот поради кој правосудството мора да биде ставено на „хемофилтрација”

Во анализа со наслов „Случајот Жaн Митрев: Шанса за судството, шокантно разоткривање на обвинителството”, Вечер објавува аспекти од судењето и прогонот на познатиот кардиохирург кои потврдуваат дека се работи за сомнително однесување на обвинителството.

Случајот на обвинение и судење на кадиохирургот, основач на современата кардиохирургија во Македонија доктор Жан Митрев и неговата клиника Жан Митерев за измама поради примена на методата за хемофилтрација (прочистување на крвта од бактерии и вируси кај тешко заболени) во време на Ковид 19 кризата е врв и пример кој исклучително јасно и типично ја отсликува состојбата во обвинителството и судството кое, волно или неволно, делува за интерес на рекетарите од кланот на корумпираните Заеви, СДСМ и ДУИ и, заради својата голема јавна изложеност, е познат на сите.

Му се суди на кардиохирург кој врши околу 1.000 операции на срце во годината, и кој има највисок меѓународен рејтинг во својата струка од било кој актуелен доктор во Македонија. Му се врши рекет и притисок да ја продаде својата клиника далеку под нејзината цена за што сред судење лани се појави албански “бизнисмен“ близок на ДУИ со таков план и намера да го отстрани Жан Митрев од клиниката, а за директор да го постави Венко Филипче, познат на сите по своите делувања особено за време на епидемијата со Ковид 19. Понудата од доктор Митрев беше одбиена, судењето продолжи како и притисоците врз судот од “невладиниот“ сектор на СДСМ.

Накусо, на 17.07.2022 година “невладината“ организација на ИРЛ на националната телевизија МТВ објави емисија во која тврдеше дека на Клиниката Жан Митрев се употербувала хемофилтрација која “не била научно потврдена“ и дека со тоа биле измамени пациентите.

Веднаш, наредниот ден, во координирана акција на кланот на Заев, по објавата на ИРЛ, следниот ден во Клиниката упаѓаат десетина службени лица и бараат документација, сослушуваат службеници, вршат јавна демонстација на моќ и внесуваат хаос во Клиниката.

Само 25 дена по оваа “невладина“ организација се огласи обвинителството повикувајќи се на “допрен глас“ од нив, од “стручните медицински експерти“ во ИРЛ, па на 12.08.2022 се отвори истрага, и веќе на 09.01.2022 се поднесе обвинение до судот.

И, потоа, следи судење. Паралелно со судењето следат јавни притисоци од “невалдините“ на кланот Заеви, СДСМ и ДУИ, демонизација на Жан Митрев, и навреди од обвинителката Искра Хаџи Василева која ги подучува сведоците како да бараат отштета, и која безобразно и дрско го води случајот сред судница, одземање пасош на Жан Митрев, блокирање сметки на Клиниката…

Теренот за да се појави албанскиот “бизнисмен“ со понуда за преземање на Клиниката Жан Митрев е подготвен: или ќе ја продадеш, или ќе одиш во затвор – е понудата.

Но, во овој случај на акцијата против Жан Митрев, по неколку месеци негова јавна демонизација, се појавува и отпор во јавноста и медиумите откако зад бруталниот јавен линч и притисок почнаа да се гледаат и фактите кои се сосема спротивни на хајката. Почна јавноста да се прашува: ако е измамник како досега во 25 години на Клиниката не го правел тоа, а имало прилики иљадници? Ако е измамник како во неговата струка успеале да не го видат тоа и да го ценат како врвен лекар?

А кој го гони? Невладините на кланот Заеви, обвинителство и судство со рејтинг 2% доверба во јавноста. И, на крај, што ако успеат? Остануваме без експерт и без неговите 1.000 операции на срце годишно за кои во Македонија доаѓаат и Македонци но, и луѓе од целиот регион благодарејќи на препораките и успехот претходно. Зарем измамник би успеал 30 години незабележан во тоа?

Јавноста почнува да истражува, да чита, да бара и добива факти, да гледа документи и, на крај, да гледа судење паралелно со паѓање на власта на Заеви, СДСМ и ДУИ, и разобличувањето на партиските “невладини“ кои добивале, 300, 500, 650.000 евра… а една од нив и 1,2 милиони евра за својата партиска “работа“. Работата, прогони за тие милиони евра ја гледавме, и сега ја знаеме.

Да опишеме како изгледа судењето на дело, во судница. Какви се фактите, и какви се аргументите на обвинителството и што бараат “измамените“ и оштетени.

Клучен лик во приказната на ИРЛ, со која почна акцијата на кланот Заеви и ДУИ, и која е главен актер во нивната ТВ сторија, е сведокот Мелита Брезова, од Велес.

Во време на епидемијата со Ковид 19, време во кое во Македонија починаа 10.000 луѓе, што е врв во Европа според бројот на жители а министер за здравство беше Венко Филипче, семејството Брезови не сакале да се лекуваат во јавните, државни клиники, туку пет члена од семејството заминале во Клиниката Жан Митрев. Според изјава на свеодокот Мелита Брезова, таму заминале затоа што од други знаеле дека условите за лекување се најдобри.

Хемофилтрација се применувала и на други клиники но, тие го одбрале Жан Митрев.

Уплатиле по 12.000 евра аванс за лекувањето на пет лица, вкупно 60.000 евра. Во таа цена влегува и авансно плаќање за 10 хемофилтрации, по две за секој од нив. Во тоа време една хемофилтрација чинела 3.000 евра, или од вкупниот аванс од 12.000 евра по лице, половина пари биле за две потенцијални хемофилтрации.

Според сведокот Мелита Брезова, клучен лик за ИРЛ и обвинителството, таа побарала да и се примени хемофилтрација но, од Клиниката Жан Митрев и било кажано дека нема потреба, дека нејзината состојба не е загорзувачка. Не и ги земале парите. Како што не ги земале ни на другите од семејството, освен за нејзиниот сопруг кој имал потешка клиничка слика со Ковид 19. Патем, смртноста од Ковид 19 во јавните клиники беше повеќе од дупло поголема од лекуваните во Жан Митрев иако кај нив доаѓаа најтешки случаи затоа што таму се плаќа.

Сопругот се лекувал од Ковид, примил една хемофилтрација за таа цел, и по неколку дена се излекувал за што потврдуваат и докажуваат резултатите од лабораторијата, како и СМС пораките кои ги разменувал со сопругата. а кои беа презентирани пред судот.

Додека е во болница во Клиниката Жан Митрев, по заздравувањето од Ковид 19, на нејизниот сопруг му се случува нов проблем, во народот познат како “преплет на црева“. Му се применува втората хемофилтрација за која е платен аванс но, од последици на “преплет на црева“ сопругот починува. Другите четири члена на семејството, заболени од Ковид 19, се излекувани, вратени дома, а вратени им се и парите од авансот бидејќи за нив нема трошок за хемофилтрација.

Ако сопругот починал од “преплет на црева“, а бил веќе излекуван од Ковид 19, кој е основот да се бараат пари од Клиниката, според сведокот Брезова, заради примена на погрешно лекување и измама дека хемофилтрацијата “може се“ во лекувањето – на Ковид 19. Патем, таа никогаш ниту се чула ниту се видела со Жан Митрев за да биде измамена од него, а ниту од друг лекар во Клиниката добила совет, насоки да прифати хемофилтрација, туку самата ја барала – и ја одбиле.

Обвинителката знае дека нејзиниот мотив, констатација дека сопругот и е нестручно лекуван па починал е друго кривично дело, а не измама за која обвинителката го терети Жан Митрев. Но, со вакво судство може да се понуди сведок кој сведочи за едно дело, а да се суди за друго.

Сведокот, ни таа ни следните 13, не одговорија на прашањето: како сметате дека сте измамени за да ви земат пари кога измама, според закон, е дело кое може да се изврши само “лице во лице“. Ако парите кои Клиниката веќе ги имала на сметка ви ги враќале? Зошто ве одбиле за хемофилтрација и не ви ги земале 6.000 евра од авансот ако им била цел да ја прават само за да земат пари?

Се до емисијата на ИРЛ, нема реакции за “измама“ од ниту еден лекуван во Жан Митрев. Нема ни после емисијата. Нема, се додека обвинителката Искра Хаџивасилева не ги повикува и собира лекуваните во обвинителството и не ги наговара да сведочат и пријават барање за надомест на штета за да може таа да формира обвинение а тие, за возврат, откако таа со нивна помош ќе успее да биде осуден Жан Митрев, потоа ќе добијат пари. Некои од пријавителите за надомест не ги бараат само парите што ги платиле за хемофилтрација, туку за се, а има и кои бараат од 50-100.000 евра од Жан Митрев за “претпен стрес и душевна болка“.

Сведочењето на Мелита Брезова трае околу саат време, и малку подолго. Таа доаѓа на сведочење со однапред напишан потсетник. Додека зборува дестина пати има дофрлувања, ишарети и наосчувања од обвинителката. Има опомени од судијката. Нема доволно простор за да се раскаже целосно, но хаотично и тенденциозно е, се мешаат неповрзани теми, нема докази и аргументи…

Гледано од правен аспект во побарувањата на “оштетените“ има и такви апсурди во кои се бараат пари во име на починат човек, а никој од тие што бараат пари не приложил доказ дека е наследник на починатиот… Си бараат, па ако помине, добро.

За таквите аспекти на “докажувањето“ и судењето во следна прилика. Ова е шокантен процес, јавно изложен, и од него во многу нешта зависи угледот на обвинителството и судството, како и ставот на јавноста кон нив, пишува Вечер.

Слични