Парични казни и четворица суспендирани

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ, ги изрече казните за инцидентот што настана по завршување на натпреварот помеѓу Вардар и Шкупи во Првата македонска лига.

Двата клуба ќе треба да платат сума во вкупен износ од 195 илјади денари, а суспензија од два натпревари добија играчот Филип Најков и тренерот Александар Јованчев.

Иста суспензија доби претставникот на Шкупи, Валон Деари, а еден меч „ладење“ ќе има и за помошникот тренер на чаирчани, Фаик Мифтари.

Вардарци ќе мораат да исплатат 120 илјади денари по повеќе основи, додека Шкупи ќе ја пополни касата на Кошаркарската федерација со уште 75 илјади денари.

Слични