Плакета за највозрасниот бербер во општина Илинден

Во кабинетот на Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денес, гостин беше највозрасниот бербер во општината. Градоначалникот, со доделување на плакета, го уважи неуморниот 60 годишен труд и успешна работа на Цане Стојменовски.

Цане Стојменовски има 80 години и сè уште работи во својот берберски дуќан којшто веќе со години се наоѓа во населеното место Марино. Остра ножица и топло срце, што не кратат само коса, туку времиња, генерации и приказни.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека е особено важно да им се даде признание на сите граѓани што со години придонесуваат во одржување на занаетчиството во општината, а како најдобар пример за тоа го истакна токму овој највозрасен занаетчија во берберството.

Слични