Понуден висок договор на Никола Миротиќ
Шпанскиот новинар Чема де Лукас објави дека прва цел на Монако за следната сезона е фантастичниот Никола Миротиќ, лидер на Армани Милано кој во минатото играше за Чикаго Булс и Барселона.
Миротиќ има договор со италијанскиот тим до 2026-та година но постои клаузула според која може привремено да го раскине договорот ако и клубот и играчот добијат прифатлива понуда. Монако не би имал проблем да плати колку треба за него.
Француски Монако е еден од најсилните кошаркарски колективи во Европа. Од сезона во сезона игра одлично, бележи врвни резултати, а минатата сезона играше и на Фајнал Фор.