Се судрија малолетник со тротинет и 20 годишник со џип
На 29.04.2025 околу 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Петар Ичко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Е.(20) од Скопје и електричен тротинет, управуван од малолетник од с.Страхојадица, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.