Убиен пратеник во Кенија
Кенискиот пратеник Чарлс Онг’ондо Вер е застрелан денеска во Најроби, објавија локалните медиуми.
Според изјави на сведоците, тој бил застрелан околу 19:30 часот по локално време од двајца напаѓачи на мотоцикл, објави веб-страницата Citizen.digitalnews.
Еден од напаѓачите пукал од блиску во пратеникот, нанесувајќи му смртоносни повреди. (МИА)