Адвокатот на Пи Диди тврди дека раперот не е силувач, туку води „свингерски начин на живот“

Адвокатите на Шон Комбс Диди открија дека на претстојното судење на раперот ќе инсистираат дека тој бил свингер, а не силувач.

Имено, адвокатот на Диди, Марк Агнифило, беше на последното рочиште во федералниот суд во Менхетен, каде што рече дека го отфрлаат договорот за признавање на вина пред судењето и додаде дека раперот само живеел „свингерски начин на живот“ и „не е силувачот каков што го прикажале федералците?“.

-Постои начин на живот, наречете го свингер или како и да сакате, кој тој го сметал за соодветен затоа што бил вообичаен, рече Агнифило.

Адвокатот тврдеше дека верувањето на Диди дека е прифатливо да има повеќе партнери или да ангажира ескорт докажува дека немал намера да изврши кривично дело.

Судијата Арун Субраманијан изјави дека адвокатите на Комбс ќе можат да го презентираат својот случај за свингингот, но не им беше дозволено да именуваат други значајни личности за кои се верува дека наводно ангажирале сексуални работнички или учествувале во предложениот „начин на живот“.

Оваа информација доаѓа откако федералните обвинители во петокот открија дека Пи Диди ја отфрлил понудата за признавање на вина пред судењето.

Диди моментално е во притвор, каде што беше однесен по апсењето во септември минатата година. Апсењето се случи неколку месеци откако полицијата изврши рации во неговите домови во Калифорнија и Флорида, откривајќи повеќе од 1.000 шишиња лубрикант и три AR-15.

За потсетување, раперот се соочува со обвиненија за рекетирање, транспорт за проституција и трговија со луѓе за сексуални услуги, бидејќи ги принудувал жените да вршат сексуални активности на неговите озлогласени забави. Судењето е закажано за 5 мај, а тој се соочува со доживотен затвор.

Слични