“Брејк” на Панатинаикос во Истанбул, Барселона го “тресна” Монако

Шпанскиот претставник Барселона покажа друго лице и славеше со 100:89 во соочувањето во „Палау Блауграна“ со што намали на 2-1 во оваа четвртфинална серија.

Домаќините водени од своите навивачи покажаа нова енергија и заслужено дојдоа до славје кое носи уште најмалку еден натпревар на овој терен.

Петмина играчи на Барса беа двоцифрени, лидер беше Ернангомез со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока. Џејмс кај гостите исто имаше дабл-дабл од 20 кошеви и 12 асистенции.

Панатинаикос пак го освои Истанбул и со тоа одново води во серијата со Анадолу Ефес, овојпат со 2-1. Актуелниот шампион победи со 81:77 во меч во кој Нан блескаше со 25 поени, Митоглу пак додаде 18 кошеви.

Ларкин и Брајан за турскиот претставник искомбинираа 30 поени. Наредните средби во двете серии се закажани за в петок.

Слични