Директни сведоштва на синдикалците за опозициска злоупотреба и политизација на протестот на ССМ

Граѓаните и учесниците на денешниот протест на ССМ остро реагираат за очигледната политизација на истиот која му даде сосема друга, неочекувана и исполитизирана димензија. Она што требаше да биде работнички протест пред очите на сите оние кои искрено излегоа на него како работници прерасна во проопозициски протест, давајќи му сосема друго светло.
Едно од директинте сведоштва за политизацијата на работничкиот протест е она на Васко Јолески, синдикален претседател на СО на Музејот од Струга, кој е разочаран од злоупотребата на работниците и ги обвини ССМ и говорниците дека звучеле како гласноговорници на опозицијата:
„Како претседател на СО при НУ Музеј Др. Никола Незлобински Струга кој учествуваше на денешниот протест пред Владата мислејки дека протестот е со цел за унапредување на работничките права, должен сум да го истакнам следното:
– Според начинот на којшто се одвиваше протестот и пораките кои што беа испратени од говорниците добив впечаток дека сум на погрешен протест, погрешно место, во погрешно време.
– Иако. претходно беше кажано дека протестот ќе биде исклучиво во знакот на работниците и работничките права, говорниците на истиот го покажаа спротивното. Тие постојано звучеа како гласноговорници на опозицијата против власта и со тоа дадоа сосема поинакво светло на самиот синдикален протест.
– Од тие причини, како претставник од СКРМ упатувам апел до претседателството на СКРМ да ја преиспита соработката со ССМ и во иднина да не се случуваат вакви испади каде што членовите на синдикатот се изманипулирани за политички цели.
Со почит
Васко Јолески
претседател на СО при НУ Музеј Др. Никола Незлобински и член на Советот на СКРМ“

Слични