Фуксе Берлин и Нант обезбедија пласман на Ф4 во Келн

Ракометарите на Фуксе Берлин и Нант успеаа да се пласираат на завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампионите.

Бундеслигашот Фуксе Берлин доби уште една голеада со Алборг, овојпат со 40:36 и со вкупни 77:65 обезбеди место на Ф4 во Келн. „Лисиците“ беа подобар ривал во двете полувремиња, а одново во елемент и лидер беше Гидсел со девет погодоци.

Кај данскиот претставник се истакна Бјорсен со девет голови. Инаку ова беше меч кој го судеа нашите најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Француски Нант го сруши Спортинг на негов терен со 32:30 и со севкупни 60:57 избори место на турнирот на најдобрите четири тима во ова натпреаврување. Мин со осум гола беше најефикасен играч кај победникот за кого мора да се издвои и голманот Пешиќ со 16 интервенции.

Мартим и Франциско Коста блескаа кај домаќините, двајцата искомбинираа дури 25 погодоци.Денес ќе бидат познати последните два патника на завршницата.

Слични