Хамас ја повика Швајцарија да ја повлече забраната за движењето

Палестински Хамас денеска ја повика Швајцарија да ја повлече забраната за движењето со седиште во Газа, наведувајќи дека одлуката претставува опасна пристрасност кон израелската окупација и негирање на нејзините правни и хуманитарни обврски, објави Ал Џезира.

На 15 мај стапува на сила новиот закон во Швајцарија со кој се забранува палестинското милитантно движење Хамас и сродните организации.

Хамас изјави дека политичките и моралните обврски на Швајцарија бараат итна акција за да се спречат кршењата на меѓународното право од страна на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во соопштението, Хамас, исто така, наведува дека одлуката на Швајцарија да го забрани тоа движење е неправедна.

Како што вчера објави Владата на Швајцарија, целта на законот е да се спречи палестинската милитантна група да ја користи оваа земја како „безбедно засолниште“, олеснувајќи го донесувањето одлука за забрана за влез и депортација на членови на организацијата.

Законот, кој беше одобрен од парламентот во декември минатата година, беше донесен по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Швајцарскиот закон дозволува превентивни полициски мерки, како што се забрани за влез или депортации, и му отежнува на Хамас да ја користи Швајцарија како финансиски центар за своите активности.

Слични