Лука Дончиќ проговори за својата иднина на крајот од сезоната
Лука Дончиќ беше „трејдуван“ од Далас во Лејкерс на почетокот на февруари и му помогна на новиот тим да се пласира од третото место во плеј-офот од најсилното натпреварување. Сепак, „езерџиите“ испаднаа, па големите очекувања брзо потонаа.
Неколку пати од замената во кој учествуваше, Лука Дончиќ зборуваше за тоа како се гледал себеси во Далас, можеби до крајот на кариерата.
Сепак, од легенда на тимот од Тексас, тој полека гради репутација на нова, голема ѕвезда на Лејкерс. Меѓу другото, и затоа беше доведен во тимот на Лос Анџелес, но сепак останува отворено прашање дали ќе остане во тимот.
По поразот и елиминацијата од плеј-оф фазата, Лука Дончиќ беше запрашан да го опише периодот што го поминал со новиот тим, како ја доживеал организацијата и својата иднина. Сепак, одговорот не беше прецизен, но Словенецот истакна дека му е многу драго што е играч на Лејкерс.
„Беше одлично, искрено – начинот на кој навивачите ме прифатија беше неверојатен. Начинот на кој заедницата ме прифати беше исто така неверојатен. Затоа, навистина ми е мило што сум тука“, рече Дончиќ на прес-конференцијата по натпреварот. „Имав одлични неколку месеци, очигледно се обидував да научам за сè – за градот, за тимот. Значи, само се обидувам да обработам сè“, заклучи Дончиќ.