Седум лица загинаа во напад на украински беспилотни летала врз пазар во Херсонскиот регион
Најмалку седум лица се убиени во напад на украински беспилотни летала врз пазар во градот Олешки, во Херсонскиот регион, покажуваат првичните податоци на локалните служби, изјави денеска регионалниот гувернер, Володимир Салдо.
Салдо, цитиран од руските медиуми, изјави дека во нападот се поврдени над е0 лица.
„Околу 9:30 часот утринава во Алешки, во областа на централниот пазар, украинските вооружени сили започнаа масовен напад со беспилотни летала врз цивили. Во времето на нападот, на пазарот имало многу луѓе“, напиша Салдо на каналот Телеграм.
Гувернерот изјави дека околностите на инцидентот сè уште се утврдуваат и дека екипите за итни случаи се на местото на настанот.
Херсонскиот регион се наоѓа во долниот тек на реката Дњепар и е опкружен со Азовско и Црно Море.
Според руските податоци, руската армија моментално контролира околу 75 проценти од Херсонскиот регион , додека украинските вооружени сили го контролираат десниот брег на Дњепар, вклучувајќи го и градот Херсон.