Фердинанд со пофални зборови за еден играч на Јунајтед
Во редовите на Манчестер Јунатед искусниот Касемиро без никаков сомнеж го одигра најдобриот натпревар оваа сезона.
Бразилецот беше отпишан од добар дел од експертите во Англија и западна во втор план во почетната фаза на Рубен Аморим како менаџер на Јунајтед, но како што доаѓа крајот на сезоната, искусниот играч за врска така е се подобар.
Вчера имаше фудбалска симултанка во средниот ред и донесе огромна стабилност во играта на Јунајтед, а за тавкото издание, доби јавни пофалби од Рио Фердинанд.
– Касемиро немаше ниту еден погрешен потег, беше сензационален во текот на целиот натпревар. Беше максимално дисциплиниран и изгледаше како учител на овие играчи на Јунајтед. Многумина велеа дека Јунајтед треба да го откачи уште во јануари, дека веќе нема свежи нозе за да игра во Англија, но тој секогаш покажа дека е тука за тимот. Тој е клучен во најважниот дел од сезоната, – изјави Фердинанд преку обраќањето за „ТНТ Спортс“, а потоа го испофали и на социјалните мрежи.
– Овој човек вечерва….. А луѓето велеа дека е готов…….