ФОТО: Поставен оџакот, подготовки за изборот на новиот папа
Ватиканската противпожарна бригада го постави оџакот, што ќе го објави изборот на новиот папа.
Кардиналите ќе се соберат во Систинската капела на 7 мај за да ја започнат конклавата за избор на следниот папа.
Двапати на ден, наутро (освен на 7 мај) и навечер, од оџакот ќе излегува чад – црн ако не е избран папа и бел ако најмалку 89 кардинали се согласат кој ќе ја води Католичката црква.
